Маркетинг

Бразил: „Нестле“ лансира кампања - „Да ги зачуваме шепите“ (Видео)

06 Jun 2024

Компанијата „Нестле“ под брендот Purina лансира нова кампања во Бразил под името „Да ги зачуваме шепите“.

Кампањата е лансирана во соработка со агенцијата „Публицис Бразил“ и има за цел да ги предупреди потрошувачите да ги зачуваат шепите на своите домашни миленици за време на летните горештини.

Purina верува дека луѓето и домашните миленици живеат подобро ако се заеднo и дека прошетките треба да бидат моменти на опуштање. Нудејќи сигурност во текот на прошетката придонесуваме да се зголеми бројот на моменти на среќа и здравје, изјави Џулиа Валенте, директорка на маркетинг за бреднот Purina.

Во рамките на кампањата, инсталирани се знакови на патеките кои благодарејќи на посебната боја стануваат црвени кога температурата ќе надмине 27 степени, со што ги предупредуваат сопствениците на миленици дека во тој момент асфалтот не сигурен за нивните шепи.

Ова предупредување вклучува и QR код преку кој сопствениците на домашни милениците ќе можат да скенираат за да бидат регистрирани и да примаат известувања за темературата во текот на денот.

 

Извор: Ads of the World

Фото: „Нестле“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...