Амбасадорот Lino Lada Лука Модриќ и „Подравка“ снимиле спот кој ќе започне да се емитува на Тв екрани.
Овој тв спот, како и преходниот, со Доминик Ливаковиќ, е снимен под режисерската палка на Далибор Метаниќ и под будното око на агенцијата „Мекен Загреб“, која го смислила сценариото и го реализирала во соработка со продукцијата „Вал“.
Главното мото на спотот е „Ти избираш – една или сите“.
Lino Lada е еден од најпознатите брендови на „Подравка“ и во својот асортиман има дури пет различни вкусови.
Лука Модриќ и „Подравка“ во рамките на својата соработка за празниците донирале на Банката за храна на загребскиот Црвениот крст.
Извор/Фото: „Подравка“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.