Маркетинг

(ВИДЕО) Strongbow драстично се ребрендира

21 Jun 2023

Strongbow ја објави првата кампања со новиот визуелен идентитет

Британскиот бренд на јаболков сајдер Strongbow, производ на „Хајнекен“, има нов визуелен идентитет, врз основа на кој лансираше и телевизиска кампања вредна 20 милиони фунти.

За првпат во своето постоење од 63 години, брендот ја отфрли традиционалната црно-златна боја и најави нова ера за неговото присуство на пазарот. Ова е значајна нова ера за Strongbow која го полни брендот со свежа енергија, боја и амбиција, а дали има подобар начин да се отпочне таа ера отколку со домашна забава, каде што се појавуваат секојдневни легенди и покажуваат од што се направени во избор на смели, уникатни комбинации? објаснуваат од маркетинг-секторот одговорен за пласирањето на сајдерот.

Strongbow е еден од најпопуларните брендови на сајдер во светот.

Погледнете: 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...