(Белград) Најдобрите и најнаградуваните светски креативци и комуникациски стручњаци од агенциите Havas Creative, UM Digital, GUT Miami, Leavingstone, Interweave Agency, како и компаниите „Бургер кинг“, „Глово“ и „Нестле“, се само некои од предавачите на седмиот интернационален фестивал за интегрирани комуникации - КАКТУС 2021, кој ќе се одржи на 2 и 3 ноември, во живо + онлајн.
Како и претходните години, КАКТУС 2021 ќе им понуди на учесниците квалитетна и разновидна програма од различни области на интегрираните комуникации. Меѓу главните предавачи оваа година се и FLAVIA GUETTER, глобален маркетинг и брен менаџер, „Бургер Кинг“ (САД), GIANCARLO RODAS, креативен директор на групација, VICE Media (САД); ERAN NIR, креативен директор, UM Digital (Изреал); BASAK BIRKARDESLER, маркетинг менаџер за раст, „Глово“ - Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна; и PAULO DAMASCENO, сениор уметнички директор, GUT Miami (САД).
Во тек на двата дена квалитетна програма, на учесниците на фестивалот ќе им се претстават и FABIO SILVEIRA, генерален менаџер, „Havas Creative UAE“; NELLY ANGELOVA, менаџер за комуникации за источно - јужниот пазар, „Нестле“, Бугарија; FREDERICO ROBERTO, извршен креативен директор, „Interweave Agency“ - Лондон); LEVAN LEPSVERIDZE, ко-основач и креативен председавач, Џорџија; RICHARD AXELL, регионален креативен раководител, Чешка; RICARDO DOLLA, креативен директор, Франција; GIAN LANFRANCO, ко-основач и главен креативен офицер, L&C NYC, САД; SHYAN GERSHON, креативен директор, „Publicis Groupe“, Шри Ланка и DUSHAN DRAKALSKI, глобален креативен директор (САД).
На првиот и вториот ден ќе бидат организирани и неколку креативни дискусии, а една од нив е на темата медиумска и дигитална писменост, во чии рамки ќе бидат претставени шест примери на добри практики од целиот регион.
Покрај конференцискиот дел на фестивалот, ќе биде промовирано и третото издание на публикацијата ADBOOK, а ќе бидат доделени и годишните награди KAKTUS 2021 и KAKTUS таленти (овозможено од A1 Srbija).
Биографиите на предавачите се достапни на страницата kaktus.rs.
Фестивалот KAKTUS 2021 го поддржаа над 50 медиумски куќи од регионот, како и компанииите „Меркатор - С“, „Пепсико - Марбо продукт“, „Фриком“, „Ушче шопинг центар“, „МедиГруп“, „Техноманија“, „Неопланта“, „Гранд кафе“ и „Јафа Црвенка“. Златен спонзор на фестивалот е А1 Србија, спонзори се „Форма Идеал“ и „Мастеркард“, додека бронзени спонзори се компаниите „Дијамант“ и „Глово“. Пријател на фестивалот е „Кока кола ХБЦ Србија“. Партнери на фестивалот се агенциите Ovation BBDO, Headline, Drive Agency, Info Media Group, Alma Quattro и DPC Networks. Фестивалот го поддржаа и „Нова комуникации“, „Репресент систем“, „Пропулшион“ и „Пропикс“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.