Локално

Јованка Јолеска Поповска: 20 години инвестираме во развој на локалните компании

22 Nov 2023

Јованка Јолеска Поповска, претседател на надзорен одбор на Прокредит Банка

ПроКредит Банка на македонскиот пазар е основана пред 20 години, како германска гринфилд-инвестиција, без спојувања или преземања на други банки. По повод јубилејот, разговараме со Јованка Јолеска Поповска, претседател на Надзорниот одбор на банката.

Во дводецениското работење на македонскиот пазар ПроКредит Банка има преземено неколку пионерски чекори. Кој, според Вас, е најзначајниот придонес за развој на локалната економија и што е уникатно за вашето работење?

Уште од основањето на банката наша примарна цел беше да овозможиме полесен пристап до финансии за компаниите кои во тој период забрзано се развиваа, а со тоа и позитивно да придонесеме кон пораст и развој на македонската економија. Низ годините бевме лидери и во воведување и промоција на процесот на дигитализација на нашето, но и работењето на нашите клиенти, а предводници сме и во промоција и поддршка на зеленото финансирање во нашата земја.

Денес сме особено горди што по 20 години постоење изградивме системски значајна банка, која континуирано поставува високи стандарди во банкарското работење и дава пример како една модерна и одржлива компанија може да влијае врз општото добро.

Во нашето работење во континуитет промовираме одговорно банкарство, односно се залагаме за кредитирање без презадолжување на клиентите, поттикнување култура на штедење наспроти консумеризам. Според мене, токму ова се работите што го дефинираат работењето на ПроКредит Банка, но се основа и за еволуција на начинот на банкарското работење во Македонија.

Градењето долгорочна релација со клиентите и советодавната улога при носење на нивните финансиски одлуки нe позиционираа како банка-партнер на македонскиот бизнис.

Денес сме особено горди што по 20 години постоење изградивме системски значајна банка, која континуирано поставува високи стандарди во банкарското работење и дава пример како една модерна и одржлива компанија може да влијае врз општото добро

Уште од почетоците на работата на македонскиот пазар ПроКредит Банка е препознаена првенствено по фокусот на поддршката на малите и средни претпријатија. Како беше прифатен новиот пристап тогаш, а каква е ситуацијата денес?

Во периодот на основање банката почна да опслужува еден сегмент на пазарот, кој дотогаш воопшто не беше адресиран од постојните банки. Ги поддржавме микро и многу малите бизниси, кои како производ на транзициската економија честопати и не беа регистрирани како формални правни субјекти, немаа официјални биланси, ниту пак имаа регулиран работен статус. Во тоа време од македонскиот банкарски сектор овој сегмент беше сметан за доста ризичен, особено поради фактот што компаниите немаа никаква бизнис и кредитна историја зад нив.

ПроКредит Банка воведе сосема различен пристап за анализа и опслужување на овој сегмент благодарение на одлично обучениот кадар и германската кредитна технологија. Активно ги посетувавме клиентите на местото на нивниот бизнис, а целта беше да се разбере нивниот бизнис-модел, да се направи детална анализа и добра кредитна процена и да се одобри кредит што клиентот ќе може да го плаќа од реализираниот профит. На тој начин беа поставени основните принципи на одговорното кредитирање, со цел да не се оптовари бизнисот со кредит кој клиентот нема да може да го врати. Овој иновативен начин на работа не беше вообичаен во тоа време и направи револуција во начинот на банкарското работење во Македонија.

Одговорниот пристап на банката кон кредитирањето беше основа за градење доверба и долгорочно партнерство со овие новонастанати компании. Тие со нас добија пристап до банка и финансирање, односно ги регистрираа своите бизниси како правни субјекти, отвораа сметки во банка и создаваа кредитна историја со банка-партнер, која не ги гледаше само низ призмата на сопствениот профит, туку преку поддршката што им ја даваше овозможи долгорочен развој на нивните бизниси.

Изразено преку бројки, во период од 20 години поддржавме 4.000 македонски компании со над 60.000 кредити со вкупен волумен од 2,2 милијарди евра. Од нив, 800 милиони евра се поддршка за нови инвестиции и развој. Одговорното кредитирање се рефлектира преку високиот квалитет на кредитното портфолио, кој во континуитет е под 2% и е значително подобар од нивото на банкарскиот сектор во земјата.

Во 2015 година ПроКредит Банка се етаблира како пионер во дигитализацијата на банкарството со отворање на зоните 24/7, преку замената на класичните банкарски филијали и воведување дигитална платформа за клиентите. Како се развиваше целиот тој процес?

Во 2015 година воведовме 24/7 зони, ефективно заменувајќи ги конвенционалните филијали на банки, со што воведовме нов и модерен модел на банкарското работење. Овој стратешки потег ја одбележа нашата посветеност кон пионерски напредни банкарски услуги, кои на нашите клиенти им овозможија флексибилност, безбедност, дискреција и достапност во кое било време. Во моментов, ПроКредит сe уште е единствената банка на пазарот што го врши своето работење исклучиво преку дигитални канали. Освен тоа, ние сме и прва банка што креира платформа дизајнирана да ги дигитализира кредитните и административните барања на нашите клиенти. Потпишувањето на барањата и договорите за кредити и гаранции, но и другите административни документи, клиентите на ПроКредит Банка ги прават по електронски пат – брзо, едноставно и, пред сe, сигурно. Фактот што банката е високодигитализирана ја прави услугата за нашите клиенти мошне брза, ефикасна и квалитетна. Токму затоа, ПроКредит Банка е исклучиво привлечна за прогресивни клиенти, правни и физички лица што се во трка со времето, што сакаат квалитетна услуга, но и автономност во извршувањето на нивните трансакции.

Како банка активни сте и во сегментот на зелени инвестиции. Колкав удел имаат зелените кредити во вашето кредитирање?

Зеленото финансирање, кое подразбира финансирање проекти поврзани со енергетска ефикасност, производство на обновлива енергија или инвестиции што придонесуваат за заштита на животната средина, е еден аспект од сеопфатниот систем на одговорно банкарско работење и грдење одржлива  иднина. Свесни сме дека како банка, нашите активности, методи на работа и одлуки имаат значително влијание врз животната средина, економијата општеството во целина. Затоа се стремиме да го минимизираме нашето негативно влијание врз животната средина, а истовремено промовираме и финансираме проекти со позитивно влијание. Оттука, учеството на зелени кредити во нашето портфолио изнесува околу 20%, а нашиот фокус и заложба во овој сегмент е очигледен во споредба со банкарскиот сектор во Македонија, каде што процентот на учество на зелените кредити во вкупното кредитирање не е повеќе од 3%. Досега исплативме 215 милиони евра за поддршка на 1.400 зелени инвестиции во земјата.

Од нив, околу 100 милиони евра се за зголемување на енергетската ефикасност кај компаниите и домовите, а околу 35 милиони евра се кредити наменети за финансирање на обновливи извори на енергија, со кои финансиравме 150 фотоволтаични централи со капацитет за производство од 41 MW, доволно за да се задоволи годишната потрошувачка на 9.420 македонски домаќинства со чиста електрична енергија.

Во период од 20 години ПроКредит Банка има поддржано 4.000 македонски компании со над 60.000 кредити со вкупен волумен од 2,2 милијарди евра. Од нив, 800 милиони евра се поддршка за нови инвестиции и развој.

Какви се вашите планови за во иднина? Врз што ќе се темели вашиот понатамошен развој на македонскиот пазар?

Опстојуваме во нашата мисија да обезбедиме одговорни и одржливи финансиски услуги што суштински придонесуваат за унапредување и развој на македонската економија, општеството и животната средина.

ПроКредит Банка веќе 20 години претставува пример за одговорност, но тука не застануваме. Продолжуваме со нашата мисија да обезбедиме одговорни и одржливи финансиски услуги. Цврсто сме посветени на развој на банката, а во наредниот период очекуваме да постигнеме двоцифрена експанзија на нашата база на клиенти, опфаќајќи ги и правните и физичките лица, како и двоцифрена стапка на зголемување на кредитните и депозитните портфолија. Веруваме дека ќе продолжиме да важиме за етичка и одговорна банка, која е трендсетер на сите новини во банкарството што ќе значат унапредување на банкарските услуги кон нашите клиенти.

 

Комерцијална објава



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...