Приватните трговски марки продолжуваат да освојуваат сè поголем пазарен удел низ цела Европа.
Последните податоци на „Нилсен“ покажуваат дека пазарниот удел на трговските брендови минатата година бил поголем од 30% во сите земји (19) што се опфатени со истражувањето. На британскиот и на германскиот пазар уделот изнесувал повеќе од 40%, а во Франција релиси еден од секои три производи што се продаваат е приватна трговска марка.
Во Италија пазарниот удел се зголемил за 2 поена, што претставува најголем пораст досега. Едно од најголемите зголемувања е забележано во Холандија, каде што уделот достигнал до 37%. Во Белгија пазарниот удел на трговските марки достигна до 44%.
Шпанија и Португалија, исто така, останаа два многу силни пазари за трговските марки. Половината од сите производи што се продаваат во Шпанија се трговски брендови, додека во Португалија нивниот пазарен удел е повеќе од 43%.
Во Централна и Источна Европа, ситуацијата е следнава: уделот во Австрија е повеќе од 40%, а во Полска, Унгарија, Чешка и во Словачака – тој е над 30%. Најголем пораст е остварен во Чешка, а во Швајцарија приватните трговски марки се половина од производите што се продаваат во земјата.
Првото место во Скандинавија го држи Норвешка (34%). Уделот во Шведска се зголеми на 33%, а во Финска остана на нешто над 30%.
Во Средоземјето, пазарниот удел на приватните трговски марки е повеќе од 31% во Турција и во Грција. Голем пораст беше забележан во Турција, каде уделот првпат надмина 30%.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.