„Ипсос“ ја следи ситуацијата со вирусот корона, а истражувачката работа е целосно приспособена на новите околности и сите активности се насочени кон безбедни, онлајн-техники на комуникација со испитаниците.
Овојпат, ви ги претставуваме резултатите од истражувањето на онлајн-заедницата, реализирано од 11 до 14 март 2020 година, со 22 учесници (рамномерно распоредени по региони, на возраст од 25 до 45 години). Таа интересна, продуктивна и длабинска техника на истражување ни овозможи неколку интересни информации и анализи поврзани со размислувањето на граѓаните на Србија за новите околности во кои сите се најдовме со изменети однесувања, искуства, стравови, надежи и очекувања, соопштуваат од „Ипсос“.
Информациите се собрани низ формите на комуникација што ги овозможува онлајн-заедницата: блогови, размена на идеи, лајв-чет и маркерборд. Формите ги илустрираат можностите и перформансите на оваа модерна истражувачка алатка, која може да се применува во моменталните околности, но и во ситуации со горливи теми и прашања.
Во денешно време, кога сцијалните мрежи станаа место за секојдневни средби и за споделување искуства, сесиите на онлајн-заедниците за одредени теми и таргети се многу ефикасен истражувачки метод. Во контекст на онлајн-заедницата може да ги искористиме сите предности од индивидуалните реакции, но и интензивните интеракции на испитаниците. Учесниците се во можност да се изразат преку текст, слика, видео и аудио-записи, што ни овозможува побогати и слоевити одговори. Од онлајн-дискусијата на еден учесник добиваме содржина што е еквивалентна на усен исказ од 2,5 часа, вели Катарина Јакшиќ, сениор експерт за иновации и за квалитативна методологија во „Ипсос“.
ДИСКУСИЈА
Форум на онлајн-заедницата – вирусот корона во Србија
Дискусиите се најчесто користени алатки, а се сочинети од низа теми што ги поставува истражувачот за да добие одговори на специфични теми.
Општа перцепција за вирусот корона
Учесниците се сметаат себеси за добро информирани, а најголемите несогласувања се за потеклото на вирусот и за начинот на пренос кон човекот.
Учесниците од одделни градови (Ниш) наведуваат дека на почетокот биле рамнодушни, но со вестите за заразени во нивното место, опасноста им станала „поблиска“ и пореална. Општото верување, пред сè, кај учесниците од помалите места, е дека опасноста е најголема во Белград.
Фактот што СЗО програси пандемија носи дополнителен страв бидејќи ситуацијата добива официјален опис – зборот „пандемија“ често се користи како опис на сериозноста на ситуацијата.
Рамнодушен сум за тоа што јас можам да го добијам вирусот, бидејќи сум млад, со одлично здравје. Сепак и понатаму сум внимателен за да не би им го пренел вирусот на постарите членови на моето семејство, бидејќи тој за нив би можел да биде фатален.
Реална опасност
Не е поопасен, туку само масовно се проширува низ целиот свет. Вирусот корона не е ништо ново, но се поставува прашањето како не се случи пандемија од вакви размери претходно во Кина, од каде што вирусот и потекнува.
Мометалната состојба во Србија
Ситуацијата е крајно сериозна – уште е под контрола, но никој не може да потврди дали ќе излезе од контрола и што би влијаело на тоа.
Видеотест
Дискусијата го опфати и информативното видео на Министерството за здравје.
Однесувањето на граѓаните
Граѓаните добро се однесуваат во однос на личната хигиена и здравиот разум, но прашањето е зошто беше потребен вирусот за да ги променат нивните навики.
БЛОГ
Влијанието врз секојдневниот живот
Блоговите најчесто се користат за подлабоко истражување на одредени теми, во облик на водење дневник. Можат да бидат јавни (ги гледаат сите учесници) или приватни (интеракција „1 на 1“ меѓу модераторот и учесниците).
Прогнози за развој на ситуацијата
Учесниците се согласуваат дека се наоѓаат на почетокот и се очекуваат нови случаи. Со порастот на бројот на новозаболените, се очекуваат и повеќе потешки случаи.
РАЗМЕНА НА ИДЕИ
Ова е одлична алатка за заедничко креирање идеи, која на учесниците им овозможува заедно да создаваат и да предложуваат нови идеи. Учесниците може да гласаат и да ги коментираат идеите, а тие со најголем број лајкови и коментари, автоматски се поставуваат на врвот на страницата за дополнителна дискусија.
Предлог-мерки:
ЛАЈВ-ЧЕТ
Разговорите во живо се со однапред закажании сесии, со мал и одбран број учесници, кои разговараат со модераторот во реално време. Преку оваа алатка „Ипсос“ подлабоко дискутира за неумерените набавки на граѓаните.
Државата засега реагирала добро, иако можеби требало да почне малку порано.
Потребна е поголема одговорност на производителите на санитетска опрема и на продавниците, бидејќи граѓаните често се доведуваат во заблуда. Така, средства со недоволен процент на алкохол се продаваат како дезинфекциски средства.
ЗАКЛУЧОК
Не постои паника во општеството, но владее голема претпазливост и грижа за децата и за постарите.
- Најголемиот страв не е од медицинска природа, туку е од неизвесноста за периодот што следува, од аспект на работата, институциите, училиштата, продавниците, границите...
- Државата и здравството засега покажаа одговорност, но фактот што имаа доволно време за да се подготват, ги зголемува очекувањата на учесниците.
- Додека Кина се перципира како извонредно дисциплинирана нација, која успешно се справи со епидемијата, Италија според темпераментот е слична на Србија. Во таа смисла е и стравот дека граѓаните нема да бидат доволно дисциплинирани и е можно слично сценарио и во Србија, иако засега е помалку извесно.
- Претпазливоста е добредојдена – на построгите мерки се гледа позитивно, а граѓаните ќе бидат поспокојни доколку членовите на нивните семејства поминуваат помалку време на прометни места.
- Неопходно е да се продолжи со прецизни, брзи и точни известувања, да се ограничат неумерените купувања на прехранбени и хигиенски производи и да се апелира за заштита и помош на постарите луѓе.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.