Извор: „Делоит", www.deloitte.com
Водечките 250 трговски синџири во светот оствариле приходи од 4,31 милијарди американски долари во фискалната 2015 година, што претставува комбиниран пораст од 5,2 отсто, покажува најновиот извештај „Глобалната сила на малопродажбата" на „Делоит".
Водечките три места на листата на „Делоит" и оваа година ги зазедоа американските синџири „Волмарт", „Костко" и „Крогер". Најуспешен трговски синџир од нашиот регион е хрватскиот „Агрокор", чија позиција се подобрила за 33 места во однос на минатогодишната листа, па сега се наоѓа на 159. место.
Бавниот економски пораст во водечките развиени економии, високото ниво на долг во земјите во развој, дефлацијата или ниската инфлација во богатите земји и протестот против глобализацијата се само некои од факторите што придонесоа за економското опкружување полно со предизвици за малопродажбата, објаснува Жарко Мијовиќ, партнер во „Делоит". Сепак, луѓето и понатаму имаат потреба да купуваат, така што овој сектор продолжува да се развива. Во одредени места и кај одредени групи купувачи, трговците можат да очекуваат поволни услови, додава тој.
Трета година по ред, водечките 250 трговски синџири што работат со облека и со модни додатоци, ги надминаа во порастот на приходите другите производствени сектори. Историски гледано, оваа категорија на трговци и порано беше најпрофитабилна, па ни фискалната 2015 година не беше исклучок. Меѓутоа, трговските синџири од секторот трговија со стока за широка потрошувачка (FMCG), засега се со најголеми приходи (со просечен годишен приход од 21,6 милијарди американски долари) и се најбројни (133 од водечките 250).
Се чини дека глобализацијата во малопродажбата е на истото ниво како и претходната година. Две третини од водечките 250 трговски синџири работеле надвор од границите на својата земја, што во просек значи во повеќе од 10 земји, и речиси една четвртина од нивните комбинирани приходи ја носи работењето во странските земји.
Извештајот „Глобалната сила на малопродажбата 2017", се занимава и со тоа на кој начин да се поттикнат купувачите да им помогнат на трговците да осмислат нови искуства што ќе бидат помогнати со соодветна технологија и со што ќе ја засилат верноста на потрошувачите. Она што некогаш го сметавме за футуристичко, сега е реалност. Луѓето што се занимаваат со иновации во малопродажбата знаат дека технологијата повеќе не е само дополнување при купувањето, туку дека е од суштинско значење. Меѓутоа, технологијата сама по себе не е доволна. Купувачите бараат нови производи и искуства.
Во текот на последните 30 години, видовме големи промени во малопродажбата, вели Мијовиќ и додава: Живееме во време кога купувачите повеќе од кога било ги држат уздите во свои раце и кога се желни за автентичност, новини, удобност и за креативност. Економијата денес ја движат потрошувачите.
Пет главни трендови истакнати во извештајот
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.