Автор: Лиса Бајфилд-Грин, сениор дигитален и онлајн-аналитичар, ИГД
Мобилното искуство ни се приближи чекор поблиску и стана повеќе персонализирано со неодамнешното лансирање на часовникот Apple. Уште на првиот ден од лансирањето на уредот, беа направени повеќе од еден милион нарачки. Во комбинација со лансирањето на услугата Apple Pay, ова веројатно ќе предизвика револуција во начинот на кој ние купуваме онлајн, како и силно дигитално влијание на купувањето во продавница.
Австралискиот „Волвортс" беше првиот малопродажен трговец кој ги објави плановите дека ќе понуди апликација за часовникот Apple, потег што најверојатно ќе го следат многу други трговци.
Што ќе се случи кога мобилните уреди ќе бидат повеќе персонализирани?
Колку повеќе уреди на располагање имаат повеќеканалните купувачи, толку е поголема веројатноста дека ќе ги користат за онлајн-купување, но ќе влијаат и во купувањето во продавница. Според истражувањето „Шопер виста", кое го спроведува ИГД, 27% од британските купувачи веќе го користат онлајн-каналот секој месец, а 22% од оваа група за таа намена користи смартфони. Трговците кои се фокусирани на мобилната стратегија, прикажуваат многу поголеми цифри и имаат силна предност во однос на другите. Во последниот квартал, 48% од купувачите на „Окадо" плаќале преку мобилните уреди. Американскиот трговец „Таргет" тврди дека 98% од неговите купувачи купуваат дигитално, а 70% од нив со помош на мобилните телефони.
Јасно е дека апетитот за користење на технологијата постои поради купувачите. Магијата доаѓа кога тој се комбинира со интелигентната технологија, а спојот нуди вистински придобивки и одлично искуство. Ова ќе стане повпечатливо откако трговците ќе почнат да ги интегрираат податоците за лојалност со персонализираната содржина на своите веб-страници и ќе понудат целно, интерактивно искуство.
Уште помоќна стратегија може да се изгради кога овие пораки ќе го имаат предвид тајмингот и локацијата на купувачите, како и информациите за нивното претходно однесување.
На пример, „Волмарт" ја претстави новата технологија за осветлување GE LED, како решение за своите продавници, со вграден Bluetooth за поголема функционалност на сензорите iBeacons. Ова на купувачите им го олеснува пристапот до промоциите, информациите за производите и сл. преку мобилните апликации.
Социјалното станува сè повеќе лично
И социјалните медиумски канали стануваат сè повеќе персонализирани и со помош на технологијата на корисниците им овозможуваат побрзо и полесно купување. „Амазон" и „Таргет" се меѓу малопродажните трговци кои веќе им овозможија на купувачите да купуваат производи директно од „Твитер" и „Истаграм". Оваа вештина, во комбинација со релевантни пораки на производот, е многу моќна.
„Фејсбук" сега соработува со голем број малопродажни трговци и брендови, со цел да создаде таргетирани и персонализирани кампањи на социјалната мрежа, со користење на податоците од сопствената база, во комбинација со информациите за лојалност од трговците или податоците од надворешни извори. Тоа овозможува соодветната рекламна содржина да биде насочена кон определена група корисници. Социјалниот медиум, исто така, соработува со брендовите и за репродажба на реклами и спотови, така што очекуваме да ги видиме понатамошните активности во овој простор, кој ја следи сè пософистицираната технологија.
Покажи дека ме познаваш!
Веројатно во иднина ќе се зголеми фокусот на персонализацијата на мобилните апликации и IoT-уредите (Интернет на нештата, Internet of Things), како што е Amazon Dash, со цел да ги направи значајни за купувачите. Исто така, може да очекуваме доставувачите да го зголемат процентот на маркетинг-буџет што ќе го трошат дигитално, особено блиску до местото на купување, што ќе има реално влијание врз купувачите. Технологијата како што е iBeacons, ќе биде клучно значење да се достигне тоа.
Приоритети за трговците и доставувачите
Персонализацијата е особено важна тема што се провлекува низ современите трендови – мобилни и социјални. Насочувањето на купувачите кон релевантните за нив информации во вистинското време, со цел да се влијае на одлуката за купување, ќе биде клучната вештина за успех. Во меѓувреме, мобилноста мора да биде високо на листата приоритети на FMCG-трговците и брендовите. Смартфоните и другите нови персонални уреди, како и IoT-развојот сè повеќе ќе влијаат на онлајн и купувањето во продавница, овозможувајќи им на купувачите вредни придобивки.
Ова на трговците и производителите ќе им овозможи да се движат побрзо напред и да ја прифаќаат технологијата која ќе има реално и големо влијание во тој простор.
Биографија:
Лиса Бајфилд-Грин раководи со дигиталните и онлајн-истражувања на ИГД, кои обезбедуваат увид во анализата и развојот на новите трендови во малопродажната индустрија. Вклучена е во бројни презентации, кои нудат увид во најдобрите глобални практики на широк спектар од клиенти. Таа редовно организира брифинзи, курсеви и работилници, а честопати е присутна како презентер на конференции во Велика Британија и на меѓународно ниво.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.