Во претходниот текст дадовме приказ на македонскиот купувач врз база на истражувањето GfK Shopping Monitor®. Во овој број понатаму ќе го опишеме однесувањето на македонскиот купувач во поглед на купување храна и други производи за широка потрошувачка (FMCG).
Се раководиме од цените...
- 23% од купувачите се раководат од цените при правење избор во продавницата.
- Ценовните аспекти се главни предизвикувачи за 38% од купувачите (ниво на цените, сооднос цена-квалитет, распродажба итн.).
- Ценовното ниво е една од трите најважни карактеристики на продажното место.
Исклучително низок интерес за новитетите
- 4% се први купувачи на нови производи.
- 23% ги разгледуваат полиците во потрага по нови производи.
Добра и постојана организација
- 46% се збунуваат со промените во организацијата на продажното место.
- 19% се обидуваат да потрошат колку што е можно помалку време во купување.
- Едноставната организација е важна за 86% од купувачите.
Само потребното...
- 50% го купуваат само потребното.
- Околу 21% речиси никогаш не прават спонтано купување.
А, сепак, имаме плус работи во кошницата!
- 50% често купуваат повеќе од планираното и потребното, а 10% често купуваат работи што не ги користат потоа.
- 42% спонтано купуваат на неделна основа.
„Мојата" продавница сè уште игра улога...
- 38% најголемиот дел од купувањето го извршуваат во една продавница, а 39% тоа го прават во 2-3 избрани продавници.
- 70% се долгогодишни купувачи во нивната главна продавница (1 продавница).
- 70% имаат намера да продолжат да купуваат во нивната главна продавница.
Од цените се раководат 23% од купувачите. Дополнително, разните ценовни аспекти на понудата на производи (како цена, соодносот на квалитетот и цената, промотивните активности) претставуваат поттикнувачи за купување на одреден производ дури кај 38% од купувачите. Од друга страна, само 4% од купувачите изјавиле дека се меѓу првите купувачи на нов производ што ќе се појави на пазарот, иако речиси четвртина (23%) изјавиле дека сакаат да проверат што има ново на полиците во продажното место. Речиси половината од купувачите (46%) се збунети од промените во организацијата на продажните места и најголем процент (86%) сакаат едноставна организација на продажното место.
Половината од купувачите купуваат продукти повеќе од планираното и потребното, додека 10% од нив купуваат и продукти што не ги користат потоа. „Мојата" продавница игра важна улога за македонскиот купувач. Дури 70% од купувачите се долгогодишни купувачи во нивната главна продавница.
Избор на продавница
Главни причини при избор на главното продажно место се поволните цени, близината до домот или работното место, како и асортиманот и големиот избор на производи што се нудат на продажното место.
Се вчитува следна вест...