Анализи

ГфК: Купувачките навики на македонскиот купувач

11 Nov 2013

Во рамките на редовните годишни истражувања за купувачките навики, ГфК го спроведе синдицираното истражување GfK Shopping Monitor®. Оваа година истражувањето беше спроведено регионално од канцелариите на ГфК во јадранскиот регион. Во продолжение ќе го претставиме профилот на македонскиот купувач во поглед на купувањето храна и други производи за широка потрошувачка.


Автор: Боге Божиновски, директор за продажба, boge.bozinovski@gfk.com

Одговорајќи на сопствените навики при купување, речиси половината од испитаниците (48%) одговориле дека прават листа на производите што треба да ги купат пред да отидат на продажното место. Сепак, половината од нив изјавиле дека купуваат повеќе одошто им е потребно и исто толкав процент изјавиле дека купуваат приватни марки, што е значителен скок во однос на процентот луѓе кои минатата година изјавиле дека купуваат приватни марки (40%).

Само 4% од купувачите изјавуваат дека се меѓу првите кои купуваат нов производ кога ќе се појави на пазарот, односно дека сакаат да експериментираат со нови производи, додека четвртина од купувачите се консултираат со своите партнери кога прават набавки на производи за широка потрошувачка.
 
Купувањето е уживање за 19% проценти од сите купувачи, додека 23% изјавиле дека сакаат да си одвојат време кога одат во маркетите за прошетка и за разгледување на понудата на производи. 16% од купувачите изјавуваат дека секогаш се во потрага по производи на попуст, а интернет-пазарувањето сè уште е ниско застапено со само 0,4% испитаници кои изјавиле дека прават интернет-пазарување на производи за широка потрошувачка.
 
Повеќе прочитајте во печатеното и електронското издание на InStore бр.12
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...