Анализи

Пикаса: Зборуваме ли доволно за македонските производи?

29 Mar 2023

Во текот на 2022 година имало вкупно 1.505 споменувања на дигитални и социјални медиуми. Од нив 186 објави се на социјалните медиуми, т.е. 14% од сите објави на темата.

Извор: „Пикаса аналитикс“, www.pikasa.ai

Кога почнавме да ја креираме темата македонски производи со сложени клучни зборови, бевме сигурни дека ќе има голем број податоци што ќе треба да се анализираат. На крај испадна дека во просек од последните 8 години со медиумски написи и споменувања по социјални медиуми се појавуваат 10.170 вести.

Од друга страна, пак, кога имаме навраќање на подолг временски период, по години, се стигнува до заклучоци кои не се воочливи од прва. Сепак, дојдовме до интересен податок дека оваа тема својата доминација ја има во 2020 година со 49% од вкупниот број медиумски споменувања и објави на сите социјални мрежи. И тоа по важност на поттема за домашната платежна картичка како антиковид кризна мерка за субвенционирање при купување македонски производи со владините кампањи „Купувам домашно“  и „Викендот без ДДВ“.

Сепак, се решивме да дадеме подетален осврт на изминатата 2022 година. Во текот на целата година имало вкупно 1.505 споменувања, на дигитални и социјални медиуми. Од нив 186 објави на социјални медиуми, т.е. 14% од сите објави на темата, имаат 30% учество во вкупниот број реакции или во просек трипати повеќе реакции на објава од медиумските написи.  

Сите овие годишни податоци ги поставивме на временска линија по денови, месеци и квартали за полесно да можеме да ги воочиме пиковите. Во целата тема за македонски производи испливаа две категории, а тоа се: извоз, саемите како настан и промоциите на производи (на саеми).

Збир од 405 медиумски написи и 21 објава на социјални мрежи за извоз на македонски производи, т.е. 426 објави на темата извоз креираат вкупно 16.603 реакции од публиката. Во вкупните реакции на целата тема македонски производи, „извоз“ учествува со 24%, што во просек е речиси 40 реакции по објава.

„Саеми и промоции“ е дел од еден ист суптопик на темата македонски производи, иако објавите и тука може да се поделат во две категории. Во делот на саеми доминираат настаните со учество на ајвар и вино. Додека во делот на промоции на македонски производи тоа е саемско присуство и објавите на Сојузот на стопански комори на Македонија со кампањата „Без предрасуди само бизнис“.

Во вкупниот број вести со 60% учествува категоријата на објави без категорија, т.е. други вести со 755 медиумски написи и 140 споменувања на социјални медиуми. Соодветно на тоа добиваат и 61% од вкупните реакции на публиката со збир на 42.726 допаѓања, коментари и споделувања, односно речиси 48 реакции по објава. Тука најсподелувани медиумски написи се:  Субвенционирање на струјата за македонските производители и  Граѓаните почнаа да купуваат директно од земјоделците.
Додека, пак, на социјалните мрежи „Стокомак“ со една објава на сопствениот фејсбук-профил креира 5.366 реакции од публиката со кампањата „Недела на македонски производи“ и учествува со 25% од вкупните реакции на целата тема на социјалните мрежи за македонски производи.

Тимот на „Пикаса аналитикс“ креира и обработува најразлични социо-општествени теми, а една од тие е војната Русија-Украина, што во медиумскиот простор минатата година зафати најголемо присуство. Со оглед на нејзината актуелност, бројот на објави за тема извоз и саеми е задоволителен, иако има простор за афирмирање на македонските производи како такви.

Методологија:

„Пикаса“ ја користи својата онлајн-платформа Analytics.live за да следи во реално време повеќе од 1.300 медиуми и илјадници канали на социјалните медиуми во шест земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Република Северна Македонија), како и Бугарија, Украина и Молдавија. Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација на платформите на социјалните медиуми („Фејсбук“, „Инстаграм“, „Твитер“, „Јутјуб“, „Тик-ток“ и „Телеграм“) броејќи ги сите видови активности и реакции (допаѓања, споделувања и коментари).

„Пикаса“ има над 12 години искуство во науката за податоци, развој на алгоритми, вештачка интелигенција и машинско учење. Таа им нуди на компаниите, организациите и институциите пристап до единствени податоци од над 1.300 медиуми и илјадници канали за социјални медиуми. Во комбинација со искусен тим од доктори на науки за податоци, дата-аналитичари и високи медиумски експерти, „Пикаса“ развива неколку производи за следење на медиумите во реално време и технолошки капацитет за создавање приспособени решенија. Успева да одговори на некои од најпредизвикувачките прашања во врска со употребата на дигитални и социјални медиуми за ширење пропаганда, сентимент, идентификување канали и спроведување истражувачки работи.

Во последните 2 години, преку мониторинг и консултации, им помага на повеќе од 30 медиумски канали и над 50 компании да ги зголемат и максимираат своите резултати, користејќи техники за пристап до поширока публика.

Контакт: Ема Муратова, регионален менаџер во „Пикаса аналитикс“

Е-адреса: ema@pikasa.ai

Моб: 071 233 673

Тел: +389 2 3212-812

Адреса: бул. „Крсте Мисирков“, 7 лам. Ц2/14 , ТЦ Мавровка – Скопје



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...