Одржани

Одржана „Логистика во 1 клик“ со Антонио Зрилиќ

16 мар 2021

Успешно заврши првата онлајн-работилница на тема „Логистиката во 1 клик“, одржана на 10 и 11 март, на која учествуваа 23 учесници од 16 компании.

Инспирацијата за онлајн-работилницата Зрилиќ ја доби од патентот на „Амазон“ – Нарачување во еден клик. Според него, нарачувањето во еден клик е едноставно, но зад извршувањето на нарачката стои логистика која мора да го одреди сето тоа што е нарачано онлајн, во неколку кликови.

Во текот на двата дена, 10 и 11 март, додека траеше онлајн-работилницата, Антонио Зрилиќ внимателно ја сецираше логистиката за да покаже што сè е потребно за да се дизајнира логистика во еден клик.

Oнлајн-работилницата ја следеа 23 учесници од 16 компании, 11 градови и 4 држави. Од Македонија учествуваа претставници од „Кам“ и од „Лакталис“.

Серијалот Business Unusual with Antonio Zrilić го продолжуваме со нови и интересни теми. Подетални информации за секоја од нив, дополнително ќе објавиме.

Теми за наредни онлајн-работилници со Антонио Зрилиќ:

Cash-flow is king (на 23 и 24 март 2021 година)

  • Двигатели на сash-flow – 7 златни кокошки на вашето работење;
  • Акупунктура на залихите – три точки за оптимизација и 39 начини како некурентните залихи да се претворат во готовина.

Од стратегија до акција ( на 12 и 13 април 2021 година)

  • Формирање стратегии и управување со трошоците – Сржта на стратегиите и изборот на тоа што не треба да се прави.
  • Кој е вашиот проблем? – Дали имате предизвик, го решавате ли проблемот или носите одлуки?

Отпорност VS. ефикасност на синџирот за набавка (на 27 и 28 април)

  • Отпорност на синџирот за набавка – Дали да се изгради синџир за набавка со што пониски трошоци или синџир кој ќе биде ОТПОРЕН НА РЕЦЕСИЈА
  • По дождот доаѓа сонце – Како да се премине од рецесија во модел на пораст?


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Вчитува уште новости...