Одржани

„Логистика во 1 клик“ со Антонио Зрилиќ

24 Feb 2021

Купувачите сакаат да купуваат онлајн, но тие сакаат и ЕФИКАСНА ЛОГИСТИКА! Па, како тогаш операциите за складирање да работат со брзина на светлината?

  • На што да се размислува пред изградбата на ново или редизајн на постојното складиште?
  • Како да се зголеми капацитетот на складиштето?
  • Како да се забрзаат логистичките операции?
  • Која технологија да се избере?
  • Како да се постигне ЛОГИСТИКА ВО 1 КЛИК?

Пријава: 170 евра

За повеќе информации: Срме Серафимовска, srme@instore.mk 070 375 220

ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ?

Стратегија и дизајн

  • Како да ја планирате изградбата на новото или редизајнот на постојното складиште за да биде ефикасно?
  • Како да го пресметате потребниот капацитет на складиштето?
  • Како да ги одредите зоните и односот (положбата и оддалеченоста) меѓу нив?
  • Кои акции да ги преземете за намалување на трошоците на складиштата и на дистрибутивните центри?
  • 10 знаци на лошо управување и како да ги спречите?
  • 3 системи за пронаоѓање на стоките.
  • 10 интуитивни начини за подготовка и локација на стоките.
  • Визуелен менаџмент и lean-алатки во складиштето.
  • Кои се тесните грла во складиштето и како да ги решите?
  • Како да го зголемите капацитетот на складиштето и колку артикли да ставите на полица?
  • Како да ги забрзате логистичките операции?
  • 7 критични совети за заштеда на време, простор и пари.

Продуктивност, мерење и бенчмарк

  • Како да развиете продуктивност во складиштето?
  • Дали ја познавате структурата на вашите трансакции?
  • 7 трикови за зголемување на ефикасноста на комисионирање.
  • Кои тактики и стратегии да ги користите за пикирање?
  • Како да ги измерите операциите во складиштето и како да поставите бенчмарк?
  • Која е точката на продуктивност на комисионирањето?
  • Со која технологија да ја зголемите брзината на пикирање?
  • Повратна логистика – нов фронт!
  • Проблеми со селекцијата/задржувањето на магазинските работници – како да се намали флуктуацијата во логистиката?
  • Примери за поттик на вработените во складиштето.
  • Кои вештини ви се потребни во складиштето и како да ги мерите?
  • Која е тајната на најдобрите и што можете да научите од нив?
  • Топ-12 најпопуларни мерки во логистиката.
  • 8 предлози за зголемување на ефикасноста на складиштето во компанијата „Мики Маус“.

Организатори: 

За тренерот:

Антонио Зрилиќ, автор на книгата „Оптимизација на залихите во 6 чекори“ и водечки експерт за Supply Chain Management

Основач на бутик-консултантската компанија „Логико“, специјализирана за советување во Supply Chain Management (менаџирање со синџирот за снабдување). Реномиран консултант што советувал голем број компании, менаџери и претприемачи. За потребите на различни компании досега осмислил и спровел многубројни проекти поврзани со оптимизација на трошоците во логистиката и во производството.

Според зборовите на клиентите: Тој е мотор за придвижување на промените; Ја враќа вербата дека може да се остварат големи и значајни промени; Прави квантен скок во продуктивноста и ефикасноста; Драматично го унапредува паричниот тек...

Зрилиќ е меѓународен експерт за оптимизација на оперативните процеси (логистика, набавка и производство) и има повеќегодишно искуство за развој на менаџментот.

Автор е на книгите „Управување на залихите во шест чекори“, „Логистика со брзина на светлината“ и „Од стратегија до акција“, а соработува и со редакциите на повеќе стручни списанија и публикации. Зрилиќ е сертифициран САП-консултант, има серификат „Green Belt Six Sigma“. Член е на „Society of advanced Consulting“, Заедницата на деловни советници, Организацијата на хрватски извозници и на Хрватската задруга за набавка.

ЛОГИСТИКА ВО 1 КЛИК

Место: Teams

Време: 10 март 2021 година, 10-12 часот – Стратегија и дизајн во складиштето

              11 март 2021 година, 10-12 часот – Продуктивност, мерење и бенчмарк



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...