Свет

„Карфур“ за 25 отсто го намалува процентот на сол во пекарски производи

13 Oct 2020

Францускиот трговски синџир „Карфур“ соопшти дека ја намалува количината сол во пекарските производи за 25 отсто. Сега, трговецот во производството користи сол богата со калиум за да не се промени вкусот на одредени видови леб. 

Новиот рецепт е тестиран во хипермаркетите на „Карфур“ во југозападен Париз. Трговецот потоа спроведе истражување меѓу купувачите за да утврди дали забележале каква било разлика во вкусот на лебот. Истражувањето покажа дека 95 отсто купувачи не увиделе разлика и дека остануваат лојални на тие производи. 

Новиот рецепт ќе го претставиме и во пекарските одделенија на другите продажни места, соопшти трговецот. 

Од минатата година, „Карфур“ од производите од приватните трговски марки елиминираше 432 тони шеќер и 40 тони сол. Исто така, почнувајќи од 2018 година, „Карфур“ отстрани 5.000 тони пластика од своето работење. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...