Свет

Почина коосновачот на дрогериите dm

08 Oct 2020

Гинтер Бауер, коосновачот и член на дрогериите dm почина во својата 76-та година од животот.

Тој, заедно со својот долгогодишен пријател и партнер Гец Вернер во 1976 година ја основа компанијата „dm дрогерие маркт“ во Австрија. Во следните години, тој учествуваше во успешното ширење на компанијата во единаесет земји. Благодарение на неговата работа и посветеност, денес подконцернот dm Австрија/CEE (Централна и Југоисточна Европа) работи со повеќе од 1.700 филијали, преку 21.000 вработени и остварува промет од речиси три милијарди евра. Со тоа dm важи за најголем дрогериски ланец во Европа.

Гинтер Бауер беше целосно посветен на својата визија да создаде деловно опкружување засновано на темели на вистински вредности и јасни ставови. Тежнееше да создаде компанија која во центар го поставува човекот, како купувач, така и вработен, и која континуирано го унапредува своето работење, а во која довербата и почитта неизмерно вредат. Од друга страна, неговиот поглед на успехот се рефлектира во начелото дека е потребно компанијата да делува одговорно во пошироката заедница и дека општествено одговорното работење и  фокусот на принципите на животната средина даваат конкретни и видливи резултати. Компанијата dm дрогерие маркт повеќе од четири децении своите деловни активности ги заснова токму на животното дело, идеи и вредносни начела кои ги втемели Гинтер Бауер, соопштија од dm. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...