„Алди“-Велика Британија на 24 септември ќе претстави приватна трговска марка на средства за чистење на домаќинствата, пода називот „Пауер форс“.
Новата амбалажа на овие средства ќе може да се искористи и дополни и до четири пати. Тоа ќе му овозможи на трговецот годишно да отстрани околу 550 тони пластика за еднократна употреба од своите операции.
Асортиманот има шест нови производи, меѓу кои се концентрати за чистење прозори, кујни и купатила по цена од 1,99 фунти. Ре-употребливото пакување на „Пауер форс“ ќе чини по 0,99 фунти.
„Алди“ се обврза дека до 2022 година целосно ќе помине на амбалажа која ќе може да се рециклира, со цел до 2025 година да ја преполови количината на пластична амбалажа за своите производи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.