Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави главната економистка на Светската банка, Кармен Рајнхарт.
Веројатно ќе има брзо закрепнување имајќи предвид дека сите ограничувачки мерки поврзани со блокадите се укинати, но целосното закрепнување ќе трае дури пет години, рече Рајнхарт на конференцијата што се одржа во Мадрид.
Таа посочи дека рецесијата предизвикана од пандемијата ќе трае подолго во некои земји отколку во други и дека ќе ги влоши нееднаквостите, така што најсиромашните земји ќе бидат потешко погодени од кризата отколку побогатите.
Првпат по 20 години, глобалните стапки на сиромаштија ќе се зголемат по кризата, додаде Рајнхарт.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.