Свет

„Алди“ со апликација во борба со фрлањето храна

03 Sep 2020

Германскиот трговски синџир „Алди“ неодамна ја претстави апликацијата Too Good To Go за да влијае на намалувањето на прехранбениот отпад и фрлањето храна.

Имено, преку апликацијата трговецот ќе продава „постаро“ овошје и зеленчук по пониски цени, кое и понатаму е здраво и јадливо.

Too Good To Go станува сè попрепознатлива, а производите од апликацијата се пакуваат во посебни т.н „среќни вреќички“. Од компанијата истакнуваат дека тоа не се производи чиј рок наскоро поминува, туку и производи кои се оштетени во текот на транспортот и се проблематични по изгледот, но не и според квалитетот.

Веќе многу направивме во борбата против фрлањето храна, а нашиот персонал вложува особен напор. Со апликацијата сме уште еден чекор напред во оваа борба. Најнапред таа беше идеја која заживеа како пилот-проект во 33 продавници, а сега успешно ја спроведуваме кампањата во сите наши продавници, истакна Кетрин Милман, ЦСР менаџер во „Алди“.

На овој начин компанијата ќе заштеди повеќе од 160 тони овошје и зеленчук во првата година, известува ЕСМ (European Supermarket Magazine).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...