Свет

Германија со буџетски дефицит од 3,2 отсто

25 Aug 2020

Германската економија падна за 9,7 проценти во вториот квартал, како резултат на падот на приватната потрошувачка, инвестициите и извозот поради пандемијата Ковид-19, соопшти денеска Заводот за статистика „Дестатис”, ревидирајќи ја првичната проценка.

„Дестатис” претходно во својата проценка на БДП објави дека германската економија паднала за 10,1 процент во периодот април-јуни.

Германија има буџетски дефицит за првата половина од годината од 51,6 милијарди евра, што е еднакво на 3,2 отсто од вкупното производство. Ова се должи на јакнењето на нејзината економија по првите удари на пандемијата на коронавирус, покажуваат официјалните податоци.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...