„Перно Рикар“ објави дека склопи партерство со мексикански „Каса Лумбре“, производителот на премиум брендот мескал Ojo de Tigre.
Со овој бизнис-потег дестилеријата ќе ја зајакне позицијата во категоријата мескал, традиционален мексикански жесток пијалак. „Перно Рикар“ во 2017 година ја купи „Дел Магеј“, со што навлезе и во оваа категорија.
Автентичното потекло на мескалот, внимателното производство и вкусот силно ги привлекуваат потрошувачите. Ojo de Tigre е мал, уметнички мескал, направен според древната традиција. Направен е од одржлива агава и се одликува со гладок, сладок и растителен вкус, изјави Александре Рикар, извршен директор на компанијата.
Од „Каса Лумбре“ го опишаа „Перно Рикар“ како совршен партнер, кој ќе привлече нова генерација љубители на жестоките пијалаци.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.