Свет

Италијанската влада усвои пакет економски мерки од 25 милијарди евра

10 Aug 2020

Италијанската влада усвои нов пакет економски мерки во вредност од 25 милијарди евра за да ги ублажи ефектите од пандемијата на коронавирус врз економијата и населението.

Премиерот, Џузепе Конт, рече дека овие мерки главно го штитат вработувањето, ги поддржуваат работниците и компаниите.

Со овие мерки ние го олеснуваме рокот за плаќање данок, им помагаме на регионите, локалните власти и југот, изјави Конте.

Според мерките, компаниите кои добиваат државна помош за плати нема да можат да отпуштаат работници за тоа време, а бенефиции се предвидени и за отворање на нови фирми.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...