Свет

Европските банки во загуба од 800 милијарди евра поради пандемијата

27 Jul 2020

Европските банки во следните три години ќе забележат загуба до 800 милијарди евра на кредити и намалување на приходите за 30 милијарди евра пооради кризата предизвикана од новиот коронавирус, соопшти консултатнската фирма „Оливер Вајнамн”.

Според основното сценарио на компанијата, економијата бавно ќе се обновува и ќе се зголемат  „лошите” кредити на 400 милијарди евра, што е 2,5 пати повеќе од пред три години.

Според лоштото сценарио,пак, во кое е вклучено вториот бран на пандемијата, бројките двојно би се зголемиле, а уделот на „лоши ” кредити би достигнал до 10 проценти од вкупните кредити.

Иако не е веројатно дека пандемијата ќе донесе многу тешки последици за банкарскиот сектор, голем број банки ќе се најдат во незавидна положба со многу мал поврат на парите, изјави еден од директорите за анализа на европскиот сектор за финансиски услуги во „Оливер Вајман”. 

Тој потсети и дека европските банки поминале низ тежок период по заздравувањето од минатата финансиска криза во 2008 година, и оти една деценија имаат слаба профитабилност на големата конкуренција на пазарот.

Европските банки просечно се двојно помалку профитабилни од американските банки. Петте најголеми банки во САД забележаа над 55 милијарди долари потенцијални загуби на кредитите во првите шест месеци од годината.

Пандемијата со Ковид-19 негативно ќе се одрази и на приходите на европските банки, првенствено поради долгорочно исклучителните ниски каматни стапки.

Приходите, по очекуваните загуби на кредитите годинава би можеле да се намалат за 180 милијарди евра на 385 евра, ако го избегнат затворањето. Обновата не се очекува пред 2022 година, кога приходите од 535 милијарди и понатаму ќе бидат пониски за 30 милијарди евра, проценува „Оливер Вајнам”.

Според прогнозите нето приходите од каматите идната година ќе се намалат за осум проценти во споредба со лани, а со тоа посебно ќе бидат погодени банките кои немаат инвестициско банкарство или управување со имот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...