Светска банка: Западен Балкан ќе мора да го сопре задолжувањето
24 Jul 2020
Поради пандемијата на коронавирус, земјите од Западен Балкан се повеќе се задолжуваат. По борбата против директното влијание на кризата, земјите ќе треба да постигнат баланс помеѓу поддршката на економското закрепнување и фискалната одржливост, се вели во најновиот извештај на Светската банка.
Сите земји од Западен Балкан влегоа во криза предизвикана од коронавирусот со повисоки износи на јавен долг отколку што беше случајот пред глобалната финансиска криза во 2009 година, што го ограничи нивниот избор на опции за фискална реакција и ги направи поосетливи.
Фискалната политика е клучна за реагирање на пандемијата. Сите земји од Западен Балкан ги воведоа потребните мерки за ублажување на непосредното влијание на кризата, но нивната ефикасност зависи и од степенот до кој тие се прилагодени на конкретниот контекст во секоја од овие земји. Потребата за задолжување расте нагло, како резултат на што идните плаќања на камати ќе се зголемат во целиот Западен Балкан, и тоа во услови на зголемен фискален дефицит и јавен долг и намалена достапност на средства на финансиските пазари, се вели во извештајот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.