Свет

Русите произведуваат помалку алкохол

10 Jul 2020
Производството на алкохол, исклучувајќи го пивото и пијалоците на база на пиво, од почетокот на годинава бележи намалување за 8,2 отсто во однос на минатата година и изнесува 78,1 милион декалитри, соопштија од Националната унија за заштита на правата на потрошувачи на Русија.
 
Производството на шампањ и пенливи вина пораснало за 35,6 отсто на 5,95 милиони декалитри во првата половина од оваа година и за 42,7 отсто на 1,23 милиони декалитри во јуни.Производството на вино во првата половина од 2020 година изнесува 13,79 милиони декалитри, што е за 5,8 отсто помалку во однос на истиот период минатата година. Производството на ракија, пак, опаднало за 0,9 отсто, на 3,76 милиони декалитри во периодот јануари – јуни и за 8 отсто на 0,57 милиони декалитри во јуни.
 
Од јануари до јуни 2020 година производството на вотка бележи намалување за 5 отсто, на 34,34 милиони декалитри.
 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...