Свет

Британски „Бутс“ ќе отпушти околу 4.000 работници

10 Jul 2020

Британски „Бутс“, трговски синџир кој се занимава со продажба на производи за убавина и здравје и еден од најпознатите британски брендови, планира да отпушти околу 4.000 работиници и да затвори и до 40 дуќани со оптика.

„Бутс“ е дури последен во низата големи трговски британски имиња кои се тешко погодени од пандемијата на коронавирус.

Од „Џон Луис“, преку „Топшоп“ до „Хародс“, сите најавуваат илјадници откази во изминатите две недели откако поради карантинот беа принудени фокусот на својата продажба да ја префрлат преку онлајн трговија.

„Џон Луис“, трговскиот синџир кој се занимава со продажба на мебел, најави затворање на осум продавници при што под прашање се доведени 1.300 работни места на неговите работиници.

„Бутс“ и оптиката „Бутс“ бележат пад во продажбата од 50, односно 70 отсто, додека од „Џон Луис“ соопштија дека толку лошо не работеле во изминатите 70 години.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...