„Ц & Ц груп“ објави дека е ексклузивен дистрибутер на целото портфолио на брендот Budweiser низ цела Ирска.
Компанијата планира да го оживее брендот Budweiser во Ирска и повторно да го поврзе со потрошувачите, по пат на маркетиншки вложувања и активации во пабовите.
Имаме намера да ја искористиме инхерентната сила на брендот Budweiser и долгогодишната позиција во Ирска со новиот визуелен идентитет и со големи вложувања во маркетинг и во пабовите. Се радуваме оти заеднички ќе работиме на оптимизација на заедничкото портфолио и зајакнување на дитрибуцијата, во корист на купувачите низ цела Ирска, изјави Том Меккускер, генерален директор на „Ц & Ц груп“ – Ирска.
Првите знаци на партнерството ќе бидат видливи со лансирањето на новиот визуелен идентитет на Budweiser и со новиот изглед на кадилак-шишето. Освен тоа, планирани се и вложувања во стаклената амбалажа и во пивските славини во пабовите. Исто така, Budweiser се обврза и дека ќе ја исфрли пластиката од амбалажата до крајот на годинава.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.