Свет

Три трговски синџири ги раскинаа договорите со добавувачите на месо

01 јул 2020

Три големи трговски синџири ги раскинаа договорите со добавувачите на месо, поради поголема заштита од коронавирусот. 

Станува збор за „Лидл“ и за „Кауфланд“, кои се дел од германската групација „Шварц“, како и за трговецот „Алди“. 

„Лидл“ и „Кауфланд“ заедно ги раскинаа договорите со посредниците, вклучително кланици, производители на свежо месо, погони за пакување, како и договорите со сите производители на живина под нивна контрола. Суспензијата ќе важи до јануари 2021 година. 

Објаснувајќи ја мерката, од „Шварц“ изјавија дека сакаат да ги подобрат условите во синџирот на снабдување за да ги заштитат купувачите. 

Во оваа пандемија, месната преработувачка индустрија е под голем притисок, бидејќи во погони каде се произведува или преработува месо беа откриени најмногу случаи на зараза со вирусот. Најкритично беше во германската месна индустрија „Тонис“, каде поради заразени работници целиот регион е ставен во карантин.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Волмарт“ ќе ги продолжи разговорите за „Асда“

28 јул 2020

Русија сака да ги контролира цените во малопродажбата

28 јул 2020

Американската економија потона за рекордни 33 проценти

28 јул 2020

Австрија во „рецесија од историски размери“

28 јул 2020

Германскиот БДП го допре дното

28 јул 2020

„Карфур“ заштеди 480 милиони евра во првата половина од 2020 година

28 јул 2020
Вчитува уште новости...