Свет

„Браун-Форман“ продава три бренда виски на „Сазерак“

19 Jun 2020

Корпорацијата „Браун-Форман“ обајави дека постигна договор за продажба на брендовите виски Early Times, Canadian Mist и Collingwood на компанијата „Сазерак“.

Во договорот е вклучен и производствениот погон на канадското виски Mist.

Лосон Вајтинг, претседател и извршен директор на „Браун-Форман“ изјави: Early Times и Canadian Mist веќе со години се ценети брендови во нашето портфолио, тие имаа огромна улога во историјата на нашата компанија.

Вредноста на договорот, кој треба да се заокружи во текот на летово, не е откриена.

Воодушевени сме со стекнувањето на тие познати брендови, изјави Марк Браун, претседател и извршен директор на „Сазерак“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...