Свет

Европа ги отвора границите

15 Jun 2020

Многу европски земји денеска ги отворија своите граници , што претставува огромен чекор напред по тримесечните рестрикции на движењето поради коронавирусот. Германија, Белгија, Франција, Грција, Чешка се меѓу државите што денеска ги отворија своите граници, а Австрија следува утре. 

Координираниот потег доаѓа откако Европската комисија минатата недела им препорача на земјите во блокот да ги отворат своите граници што е можно поскоро. Сепак, секоја земја спроведува различни правила, вклучувајќи барања за тестирање, карантини и специфични совети за патувања или ограничувања за одделни земји и региони.

Повторното отворање на границата доаѓа и покрај загриженоста дека коронавирусот може да направи камбек и во очекување дека многу Европејци можат да летуваат дома наместо да патуваат на друго место. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...