Свет

„Амазон“ ќе понуди трајно вработување на повеќето привремени работници

04 Jun 2020

Во времето на пандемијата, најголемиот американски интернет-продавач „Амазон“ ангажирал повеќе од 170.000 сезонски работници, за да можат да одговорат на зголемената побарувачка, а компанијата објави дека повеќето од нив исто така ќе добијат постојан работен однос.

Според „Ројтерс“, „Амазон“ ќе понуди трајно вработување за најмалку 70% од привремените работници.

Околу 125.000 луѓе ќе добијат работа со полно работно време, а останатите 50.000 ќе бидат вработени на договорна основа за следните 11 месеци, изјави портпаролот на компанијата.

Оваа одлука укажува дека приходите од продажба на трговецот значително се зголемиле и дека можат да си дозволат да ги зголемат трошоците за работна сила. Во последните три месеци, „Амазон“ потрошил околу четири милијарди долари само за да плати за дополнителна работна сила.

Редовната работа, за разлика од привремената работа, опфаќа здравствено осигурување и пензиско осигурување. Според „Амазон“, компанијата имала 840.400 вработени на крајот на последниот квартал.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...