Свет

„Арамарк“ отвора продавници во болниците

03 Jun 2020

„Арамарк“ отвори повеќе од 100 поп-ап продавници во здравствени установи во САД.

Лекарите, медицинските сестри и другите работници можат од продавниците да купат свежи пекарски производи, млеко, јајца, конзервирани производи, хартиена галантерија, средства за здравје и убавина и многу други производи.

Овие продавници имаат резерви од основните артикли, што тешко можат да се најдат во овие предизвикувачки времиња. Нудејќи место за купување во рамките на работното опкружување, на здравствените работници им овозможивме по работа побрзо да си одат дома кај семејствата, соопштија од „Арамарк“.

Сепак, „Арамарк“ не е единствениот трговец што практикува поп-ап продавници во здравствени установи. Претходно, „7 елевен“ ја отвори првата поп-ап продавница во Детскиот медицински центар во Далас. Освен тоа, и „Теско“ и „Косткатер“ во Велика Британија отворија повеќе од 20 вакви продавници.

Поп-ап продавниците станаа малопродажен тренд многу пред појавата на пандемијата со Ковид-19, но сега, овој концепт им помага на здравствените работници и го намалува нивниот стрес.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...