Свет

„Реве“ ќе продолжи со аквизиции

22 May 2020

Германскиот трговски синџир „Реве“ има намера да најде нови кандидати за дополнително да ја прошири понудата на прехранбени и туристички активности.

Од менаџментот на трговската компанија порачуваат: Ќе ги разгледаме сите можности што се појавуваат за нови партнерства и аквизиции. Компанијата нема да крене паника и да ги запре вложувањата во малопродажбата и во туризмот.

Минатата година „Реве“, вториот најголем трговски синџир по „Едека“ во Германија, го купи конкурентот „Лекерланд“. Освен со „ДЕР туристик“, „Реве“ управува и со дисконти, продавници со приватни трговски марки и со е-продавници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...