Бројни трговци во Франција ги замрзнуваат цените на нивните приватни трговски марки за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Малопродажниот синџир „Е.Леклер“ ги замрзна цените на 4.000 производи од приватната трговска марка во сите категории на храна, освен свежа храна. Според компанијата, таквата уредба ќе трае до крајот на мерките донесени поради кризата.
„Интермарше“ нема да ги зголеми цените на своите 10.000 производи (PL и А брендови), освен свежата храна.
„Систем У“ исто така ги замрзнува цените на своите 5.000 производи со приватната трговска марка, освен во категоријата свежа храна. Оттаму истакнаа дека иницијативата ќе трае сè додека училиштата не се отворат, во септември.
Додека се во сила мерките за ограничување на движењето од „Карфур“ изјавија дека ќе ги задржат истите цени за 5.000 производи од прватната трговска марка и за 500 брендови на производи во сите категории.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.