Свет

„Лореал“ за жените и за животната средина

15 May 2020

Со цел да придонесе за решавање на глобалните последици предизвикани од пандемијата со Ковид-19, „Лореал“ лансира социјална и еколошка програма за солидарност „L’Oréal for the future“ (Лореал за иднината).

Фокусот на програмата е поддршка на загрозените жени и заштита на животната средина. Во ракмите на програмата, компанијата основа добротворен фонд вреден 150 милиони евра, од кои 50 милиони евра се наменети за помош на организациите што ги поддржуваат ранливите групи жени, а 100 милиони евра се насочени за обнова на природните екосистеми и за спречување на климатските промени.

Следните месеци нашето општество ќе се соочи со социјални кризи што ќе погодат многу луѓе, особено од најзагрозените делови од општеството. Истовремено, свесни сме и дека се појавуваат сè повеќе предизвици за заштитата на животната средина. Особено е важно сега да не отстапиме од одржливата транформација, која на светот му е неопходна. Сакаме да ја потврдиме нашата посветеност за зачувување на животната средина и на биодиверзитетот, но и за ублажување на социјалната криза, со акцент на помош за жените. Тие два предизвика се одраз на вредностите и на историската посветеност на „Лореал“, изјави Жан-Пол Агон, претседател и извршен директор на компанијата.

До крајот на јуни „Лореал“ планира да ја претстави и новата програма за одржлив развој до 2030 година, со која ќе биде заокружена и „L’Oréal for the future“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...