Свет

Канада официјално во рецесија поради пандемијата

04 May 2020

Канада официјално е во рецесија во првиот квартал, предизвикана од пандемијата Ковид-19, соопшти советот на влијателниот институт „ЦД Хау” (C.D. Howe).

Според официјалната статистика економијата во март е намалена за девет проценти, а канадскиот институт смета дека поради забавувањето на економијата време е да се прогласи рецесија.

Членовите се согласија дека со примена на методологијата на Институтот со првичните расположливи податоци, Канада влезе во рецесија во првиот квартал на 2020 година, се вели во соопштението на институтот.

Извештаите покажуваат дека повеќе од милион работни места биле изгубени во март, а првичната проценка на Канадското биро за статистика сугерира дека економијата се намалила за девет проценти, бидејќи фабриките низ целата земја не работат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...