Свет

Африканските земји се снабдуваат со „Ковик органик“ за заштита од корона

04 May 2020

Сè повеќе африкански земји се заинтересирани за набавка на растителниот напиток „Ковид органик“, кој неодамна го промовираше претседателот на Мадагаскар, Ендру Раџоелина, тврдејќи дека е природен лек кој го лекува коронавирусот, иако не постојат докази за тоа.

Претседателот на Танзанија истакна дека ќе испрати авион на Мадагаскар за да достави од напитокот, а истото го најави и претседателот на ДР Конго. Некои земји, како на пример Гвинеја Бисао, веќе го набавиле, објави Би Би Си.

Станува збор за горчлив растителен пијалок, направен од артемисија (вид на пелин), горчлив корен кој се одгледува на Мадагаскар и се користи во некои лекови против маларија.

Лекот го произвел Институтот за применети истражувања, кој повеќе од 30 години ја истражува употребата на традиционални лекови на Мадагаскар.

Растителниот напиток не е научно тестиран и нема докази дека делува против Ковид-19.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...