Најголемиот светски фестивал на пивото – германскиот „Октоберфест“, кој традиционално се организира секоја есен во Минхен, годинава е откажан поради падемијата на вирусот корона, соопштија властите на јужната покраина Баварија.
Откажувањето на фестивалот официјално е објавено денес на прес-конференција на премиерот на Баварија, Маркус Шудер и градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер.
Да се живее со вирусот корона, значи да се живее претпазливо. Сè додека нема вакцина, ова е чувствителна тема, а ризикот е преголем. Полуалтернативите се бескорисни. Денес е тажен ден. Откажувањето на „Октоберфест“ е горчлива пилула, што има и негативни економски последици, изјави Рајтер.
Околу шест милиони посетители од целиот свет секоја година се собираат во Минхен на 14-дневен фестивал што се одржува под шатори со долги дрвени маси и оркестри што свират локална музика. Оваа манифестација на Минхен му носи приход од повеќе од милијарда евра. Годинава „Октоберфест“ беше планирано да се одржи од 19 септември до 4 октомври.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.