Свет

Апликација ја продава непродадената храна

14 Apr 2020

„Too Good To Go" е апликација за услуга која го намалува фрлањето храна од продавниците и рестораните така што со попуст го продава вишокот храна што инаку би пропаднал. 

Оваа апликација, со речиси 22 милиони корисници, дневно спасува по околу 100.000 оброци низ Европа. 

„Too Good To Go" е покрената во 2016 година во Копенхаген, се користи во 13 земји меѓу кои и Велика Британија, а планот на компанијата оваа година да се прошири во Шведска и во САД беше одложен поради пандемијата.

Во основа, апликацијата на секој корисник му ги прикажува сите продавници, ресторани и пекарници во негова близина кои имаат вишок намирници или оброци, а се гледа и колку се очекува да имаат до крајот на денот. Тие намирници корисникот може да ги купи преку апликацијата за третина од редовната цена и да ги преземе истиот ден кога продавницата се затвора.  

„Too Good To Go" има понуда од 40.000 партнери - големи продавници, мали ресторани, кафулиња...за да се приклучи кон апликацијата, секоја фирма плаќа годишен надомест од по 39 евра и мал надомест за секој обрпок што ќе се продаде. Ако никој не го купи понудениот оброк, на компанијата не ѝ се наплаќа.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...