За време на пандемијата со вирусот корона намалена е посетата на маркетите во САД, но просечниот износ на потрошувачката кошница изнесува околу 180 долари.
Овие податоци се дел од истражувањето на компанијата „Лендинг три“, во кое се истакнува дека 63% од Американците купувале минатиот месец. Тоа значи дека тие уште од минатиот месец се подготвувале за другиот начин на живот, односно за подолг престој дома.
Во една просечна потрошувачка кошница во САД има 63% тоалетна хартија, 69% храна, 62% вода, 24% алкохолни пијалаци, 47% лекови и витамини и 77% средства за чистење.
Во истражувањето биле вклучени 1.050 Американци, од кои 664 биле анкетирани по 13 март, кога вирусот корона ескалираше во САД.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.