Профитот од приватни трговски марки минатата година во Италија достигна до 10,8 милијарди евра, што претставува пораст од 4,1% во споредба со претходната година.
Приватните трговски марки имаат вредносен удел од 19,9% на италијанскиот пазар на прехранбени производи, што претставува пораст за 0,8% во споредба со 2018 година, покажува студијата на „Јуропиан хаус Амброзети“ и АДМ.
За годинава продажбата на трговските марки се очекува да достигне до 11,7 милијарди евра и до пазарен удел од 20,6%, додека прогнозата за 2025 година е 17,2 милијарди евра и 24,6% пазарен удел.
Во последните 16 години вредноста на италијанската прехранбена индустрија се зголеми за 31,8 милијарди евра, а трговските марки во порастот придонеле со приближно 20%.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.