Трговците во Велика Британија континуирано го прошируваат веганскиот асортиман.
„Асда“ лансира линија со 48 производи во одделни продавници и преку интернет. Линијата се продава под марката Asda Plant Based и вклучува бургери без месо (од печурки), димено тофу-бурито и пролетни ролнички.
„Кооп“ воведе повеќе од 35 производи без месо под новата трговска марка Gro. Производите од веганската линија се нудат во 2.000 продавници „Кооп“ и во 4.000 независни трговци низ целата земја.
„Веитрос“ планира да додаде повеќе од 30 вегански артикли, вклучувајќи повеќе приватни трговски марки. Новиот асортиман е класифициран во три категории – готови оброци, состојки за готвење и вегански и вегетаријански алтернативи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.