Водечките 250 малопродажни синџири во светот остварија 4,7 милијарди долари приход и заедно забележаа пораст од 4,1 отсто, се наведува во извештајот „Глобалната сила на малопродажбата во 2020“ на консултантско-ревизорската компанија „Делоит“.
„Амазон“ повторно е рекордер меѓу најбрзите, со пораст од 18 отсто, што е негов просек во последните пет години. Моментално се наоѓа на 3-то место по приходите од 140 милијарди долари. Само гигантот „Волмарт“ е уште недофатлив на врвот со приходи од 514 милијарди долари.
Дигиталната стварност зазема уште поголем удел на пазарот, со „Амазон“ како предводник на бројни виртуелни продавници, а консолидацијата во светското стопанство и секторот малопродажба во 2020 година продолжува без задршка. Вкупниот стопански раст веројатно ќе се ублажи, но ќе остане позитивен, со помал пораст на потрошувачката кај граѓаните и задржување ниска инфлација во повеќе држави. Неизвесноста на трговските транскации приморува на дополнителна внимателност, а во последните недели се видливи нови нарушувања во глобалниот синџир на снабдување поради корона вирусот од Кина. Последиците од овој ризик веројатно ќе ги видиме во полоши резултати на трговците за 2020 година, соопштија од одделот за деловно советување на „Делоит“.
На оваа листа, „Лидл“/Кауфланд“ се на 4 место, „Метро“ е на 34 место, „Шпар“ е на 81 место...
Најголем, број компании (136) на листата од 25о трговци припаѓаат на дисконтерите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.