Свет

„Дијаџио“ инвестира во безалкохолни пијалаци

03 Feb 2020

Производителот на алкохолни пијалаци „Дијаџио“ стекна малцински удел во „Ритуал зиро пруф“, компанија што произведува безалкохолни пијалаци.

Со аквизицијата британски „Дијаџио“ настојува да го зајакне присуството на американскиот пазар, а за младата чикашка компанија ова е можност за пробив до полиците на големите трговци.

Засега компанијата „Ритуал зиро пруф“ е препознатлива по два производа – едниот е замена за виски, а вториот е алтернатива за заљубениците во џинот.

Моите прогнози се дека во следните 18 месеци секоја подобро снабдена продавница ќе има најмалку по еден безалкохолен „жесток“ пијалак, вели Маркус Саки, еден од тројцата основачи на „Ритуал зиро пруф“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...