Свет

„Теско“ го преиспитува работењето во Азија

28 Jan 2020

„Теско“ е во процес на одлука дали да остане во Азија, што може да резултира со продажба на продавниците во Тајланд и во Малезија.

Од компанијата соопштуваат дека анализата на операцијата е само почеток. „Теско“ би можел да продаде речиси 2.000 продавници во Тајланд, од кои поголемиот дел се продавници од помал формат, и 74 маркети во Малезија.

Ако „Теско“ ги напушти Тајланд и Малезија, неговите единствени прекуокеански пазари (со исклучок на Ирска), ќе се фокусира на пазарите во Централна Европа – Унгарија, Полска, Словачка и Чешка.

Од 2011 година „Теско“ ги напушти САД, Турција, Јапонија, Јужна Кореја и Кина.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...