„Тегут“ во Германија лансира низа производи под трговската марка Freppy, чие име е кованица од англиските зборови „ fresh“ (свеж) и „happy“ (среќен).
Асортиманот се состои од 70 производи и вклучува „храна за носење“ (салати и овошје) и полуприготвен зеленчук.
Подружницата „Мигрос“ – Цирих, исто така, ги прошири асортиманите на премиум марката Tegut vom Feinsten, еколошката Tegut Bio и на Tegut LandPrimus (месо и колбаси). Се очекува да има нови 100 производи, вклучувајќи 35 органски и 55 премиум производи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.