Еден од водечките европски трговци, „Ахолд Делез“, ги повика А-брендовите да ги променат ценовните политики.
Франс Мулер, извршен директор на „Ахолд Делез“, бара поголема транспарентност и унифицирани цени низ цела Европа.
Потрошувачите треба да бидат свесни дека повеќето брендови од големите производители се произведуваат во само три фабрики, вели тој. Па, зошто имаме различни цени на секој од 27-те национални пазари? На крајот на краиштата, ако ги поедноставиме работите, тоа ќе ни го олесни животот, објаснува Мулер.
Мулер верува дека огромните разлики во цените за стандардните брендирани производи ги поткопуваат предностите на единствениот европски пазар, а ги прават непотребно сложени и синџирите на снабдување. Тој се залага за поголема ефикасност во синџирот на снабдување и поголема транспарентност на цените. За потрошувачите е многу тешко да разберат зошто некој од Франција треба да ја премине границата на југ за да најде лименка сок што е за 25% поевтина. Ве молам, дозволете ни да имаме поголема конзистентност и транспарентност на цените во Европа, нагласи тој.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.