Свет

Саем Gulfood во февруари во Дубаи

21 Jan 2020

Од 16 до 18 февруари годинава во Дубаи  ќе се одржи јубилејното, 25-то издание на саемот Gulfood.

Gulfood не е само најголем саем за храна на Блискиот Исток, туку и стратешка можност за влез на компаниите на овој перспективен и брзорастечки пазар.

Говорниците ќе зборуваат за новитетите и предизвиците во секторот, предвидени се и повеќе конференции на различни теми, како и изложба за халал светска храна, на која ќе бидат претставени производи направени по халал стандардите. 

На саемот се очекуваат повеќе од 5.000 излагачи од 120 земји и повеќе од 85.000 посетители од 170 земји. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...