Свет

Турција ќе извезе сокови во вредност од 300 милиони долари

12 Dec 2019

Извозниците на овошни сокови од Турција за следната година планираат извоз од 300 милиони долари.

Во периодот јануари – октомври оваа година вкупниот извоз достигна ниво од 220 милиони долари од овошни сокови во 150 земји низ целиот свет.

Извозот на сокови од Турција во САД е зголемен за 50 отсто, односно од 50 на 75 милиони долари. Потоа, следува извозот во Холандија во висина од 28 милиони долари, а трета е Италија, која увезла сокови од Турција во вредност од 13 милиони долари.
Меѓу најизвезуваните продукти се концентрат за сок од јаболко, грозје и ананас.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...