Свет

„Нестле“ лансира луксузно KitKat чоколадо

26 Sep 2019

Компанијата „Нестле“ лансира луксузно чоколадо од својот бренд KitKat, во 1.500 можни комбинации на вкусови. 

Произведено е и „специјално“ издание - линија која вклучува мармалад, виски и ѓумбир. 

Засега, купувачите можат да го купат само во Лондон или преку посебна интернет страница. 

Од „Нестле“ велат дека е вистинско време да им понудат нешто ново на купувачите, особено по претходната понуда на вкусови од зелен чај и рубин чоколадо, што особено им се допадна на помладите генерации. 

KitKat првпат се појави на пазарот во 1930 година. Една од причините зошто толку многу издржа на полици е таа што производот можеше да се развива. Тоа е лукзусно, рачно направено чоколадо и мислиме дека позитивно ќе ги изненади луѓето со тоа колку може да се надградува како бренд, соопштија од „Нестле“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...